СО 45 ИЛЈАДИ ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ ВЕЛЕС ЌЕ ГРАДИ ПРИСТАПНИ ПАТЕКИ ЗА ЛИЦАТА СО ОГРАНИЧЕНА МОБИЛНОСТ

    СО 45 ИЛЈАДИ ШВАЈЦАРСКИ ФРАНЦИ ВЕЛЕС ЌЕ ГРАДИ ПРИСТАПНИ ПАТЕКИ ЗА ЛИЦАТА СО ОГРАНИЧЕНА МОБИЛНОСТПроектот „Велес без бариери“ ја доби граѓанската поддршка и треба да биде реализиран во првото полугодие годинава, вреден е 45 илјади швајцарски франци и ќе се изведе со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка, УНДП и Општина Велес (СДК.МК)

    Со швајцарски пари Велес ќе гради пристапни патеки за лицата со ограничена мобилност. Ова е резултат на едномесечниот процес на одлучување на повеќе категории граѓани, преку Форумите на заедницата. Проектот „Велес без бариери“ ја доби граѓанската поддршка и треба да биде реализиран во првото полугодие годинава, вреден е 45 илјади швајцарски франци и ќе се изведе со помош на Швајцарската агенција за развој и соработка, УНДП и Општина Велес.

    Со овој проект се планира нивелирање на рабници-ивичници на главната улица „Благој Ѓорев“, поставување платформи за три основни и две средни училишта како и подобрување на пристапноста на општинската зграда за лицата кои користат колички при движењето.

    „Општина Велес се заблагодарува на граѓаните за останатите проектни предлози кои имаат одличен квалитет и ќе се заложи за нивна интеграција во идното планирање на своите активности“, рече Весна Стојанова-Богоевска, член на Советот на Општина Велес.

    Преку четири форумски сесии, членовите на граѓанскиот сектор избираа помеѓу „Пристапност на јавните површини и јавните институции“, „Младински центар“ и „Едукација на децата низ игра, работилници, презентации и волонтерска работа и социјална одговорност“, за на крајот преку гласање поддршка да добие првиот проект.  Со мнозинство на гласовите, како најприоритетен проект беше избран проектот „Велес без бариери- пристапност до јавни површини и установи“, со кој се решаваат проблемите кои ги имаат граѓаните со ограничена мобилност, старите лица, родители кои управуваат со детски колички.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира