СО 5 МИЛИОНИ ЕВРА ПАРИ ОД ВЛАДАТА И ЕУ РЕНОВИРАН Е РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ „МОША ПИЈАДЕ“ ВО ТЕТОВО

    СО 5 МИЛИОНИ ЕВРА ПАРИ ОД ВЛАДАТА И ЕУ РЕНОВИРАН Е РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ „МОША ПИЈАДЕ“ ВО ТЕТОВОУ.Ц.”Моша Пијаде” е основан 1928 година како Нижe земјоделско училиште со кое се создале услови за стручно оспособување на ученици од повеќе краишта во земјава. Наставата била двегодишна, а првата генерација броела 30 ученика.(Фото: СДК.МК)

    Заврши реконструкцијата на Регионалниот центар за стручно образование и обука (РЦСОО) „Моша Пијаде“ во Тетово. На училиштето, познато кај тетовци како Земјоделско училиште, обновена му е фасадата, реконструирани и опремени се училниците како и работилниците каде се одвива стручната настава со што од, до пред некоја година, запуштено училиште денес тоа спаѓа во редот на најопремените стручни средношколски образовни установи во државата.

    На предавањето во употреба на објектот присуствуваа примерот Христијан Мицковски, министрите за образование и економија, евроамбасадорот Михалис Рокас, градоначалникот на Тетово Билал Касами и лица од образованието.

    „Ве замолувам ова училиште повеќе да не се идентификува како Земјоделско училиште, бидејќи тоа денес станува едно од најразвиените и најмодерните Регионални центри за професионално образование во државата. Во него нашите деца ќе можат да се подготвуваат од професионален аспект за да, кога ќе го завршат образованието, да бидат подготвени за пазарот на трудот“, изјави тетовскиот градоначалник Билал Касами.

    Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ во Тетово е еден од осумте Регионални образовни центри кои Македонија треба да ги има, од кои седум се изградени а три се комплетно во функција. За неговата реконструкција на РЦОО „Моша Пијаде“ од Тетово потрошени се речиси 5 милиони евра, средства обезбедени од Владата и од Европската Унија.

    З.АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира