СО ГАС МАСКА НА ГОВОРНИЦА ИЗЛЕЗЕ СОВЕТНИКОТ ОД ГРАД СКОПЈЕ ГОРЈАН ЈОВАНОВСКИ ОТИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА НЕ СОРАБОТУВА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО

    СО ГАС МАСКА НА ГОВОРНИЦА ИЗЛЕЗЕ СОВЕТНИКОТ ОД ГРАД СКОПЈЕ ГОРЈАН ЈОВАНОВСКИ ОТИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА НЕ СОРАБОТУВА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТОЗелен хуман град" нема да гласа за буџетот бидејќи е креиран без да се вклучат советниците и градоначалничката Данела Арсовска нема слух за решавање на проблемот со аерозагадувањето. (Фото: Град Скопје)

    Со гас маска излезе денеска на говорница советникот од Зелен хуман град Горјан Јовановски на седницата за буџетот на Град Скопје за 2024 година. Како што кажа Јовановски, „Зелен хуман град” нема да гласа за буџетот бидејќи е креиран без да се вклучат советниците и градоначалничката Данела Арсовска нема слух за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

    „Јас навистина не знам што треба повеќе да се направи. Секоја година по 5.600 луѓе умираат од загаден воздух, а Градот ништо не презема за тоа. Две години предлагаме проекти, поднесуваме амандмани ама џабе ништо од тоа иако е усвоено не се реализира. Годинава за 45 отсто е намален буџетот за животна средина”, рече Јовановски.

    Тој додаде дека „Зелен хуман град” нема да го гласа буџетот сè додека не се направи средба меѓу секторите кои имаат забрана за комунација, градоначалничката Арсовска и советниците и буџетот заеднички да биде составен. Јовановски побара описен преглед на буџетот за да може да се види за што точно се предвидуваат пари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира