СО КОЛА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН УДРИЛ БЕБЕ ВО КОЛИЧКА ВО ТЕТОВО И ПОБЕГНАЛ

    СО КОЛА НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИН УДРИЛ БЕБЕ ВО КОЛИЧКА ВО ТЕТОВО И ПОБЕГНАЛВозачот иако избегал од местото на настанот, набрзо бил пронајден од полицијата. (архивска фотографија)

    Жител на тетовска Шипковица управувајќи со моторно возило удрил во количка во која седело 15-месечно дете кое со своите родители минувале на пешачки премин. Од СВР Тетово соопштуваат дека иако возачот избегал од местото на настанот, набрзо бил пронајден, а против него ќе бидат преземени соодветни мерки.

    „На ден 06.03.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ЈНА се случила сообраќајна незгода, во кое патничко возило ‘пасат’ со тетовски регистерски таблици, удрило во количка во кое седело 15-месечно дете, кое на пешачки премин поминало со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, и по незгодата го напуштило местото на настанот. Веднаш било постапено и по пријавената потрага во 16.30 часот лицето било пронајдено и обезбедено како возилото кое било управувано од А.М.(67) од с.Шипковица, и е дадено на понатамошна постапка. Во незгодата со телесни повреди се здобило малолетното дете констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово“, соопштија од тетовската полиција.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира