СО МУРАЛОТ „СЕ БОРИМЕ ЗА ЛЕБ, НО СЕ БОРИМЕ И ЗА РУЖИ“, ШТИПЈАНКИ ПОБАРАА ПОГОЛЕМИ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

    СО МУРАЛОТ „СЕ БОРИМЕ ЗА ЛЕБ, НО СЕ БОРИМЕ И ЗА РУЖИ“, ШТИПЈАНКИ ПОБАРАА ПОГОЛЕМИ РАБОТНИЧКИ ПРАВАМуралот е изработен од уметничката група „Форма“ од Куманово (Фото: СДК.МК)

    Во паркот Бриони во Штип, „Гласен текстилец“ и Општина Штип заедно го одбележаа Денот на жената – 8 Март, при што кажаа дека поранешната парола „Сакаме леб, но сакаме и рози“, сега е заменета со пораката „Се бориме за леб, но се бориме и за рози“. Оваа порака е и дел од муралот изработен од уметничката група „Форма“ од Куманово.

    „Борбата за работнички права кај нас почнала од жените работнички, главно од текстилната индустрија. Политичарите зборуваат дека повеќе се насочени кон родова еднаквост и покачување плати, но во реалноста, едно се зборува во Собранието, Владата и во министерствата, а сосема друго се случува помеѓу нас. Со закон се наведени правата на жените, но тие нив не ги уживаат. Кога работодавачот ќе дознае дека некои жени се бремени, ги отпуштаат од работа или не им се продолжува договорот“, кажа претседателката на невладината организација „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.

    Таа како пример го посочи последниот случај во Кавадарци, каде што 69 работнички три месеци немаат земено плати и придонеси.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира