СО ОГНОМЕТ ДОЧЕКАНО ПРВОТО ИЗГРЕЈСОНЦЕ ВО НОВАТА 2023 ГОДИНА НА ВРВОТ ПЕЛИСТЕР

    СО ОГНОМЕТ ДОЧЕКАНО ПРВОТО ИЗГРЕЈСОНЦЕ ВО НОВАТА 2023 ГОДИНА НА ВРВОТ ПЕЛИСТЕРИскачувањето започна токму на полноќ на први јануари, а на врвот стигнаа околу 5,30 часот утрото, токму за време на будењето на новиот ден. (Фото: СДК.МК)

    Шеесетина искусни планинари и други вљубеници во планината по 12. пат првото изгрејсонце во Новата година го дочекаа на врвот Пелистер, на надморска височина од 2.601 метар. Искачувањето започна токму на полноќ на први јануари, а на врвот стигнаа околу 5,30 часот утрото, токму за време на будењето на новиот ден.

    Годинава прославата беше збогатена и со огномет. За пет и пол часа искачија патека со вкупна должина од 14 километри, висинската разлика е 1.251 метар, а просечен наклон од 8.93 проценти. Се движеа од Инфоцентар на Пелистер на 1.350 метри надморска височина, а потоа преку Цапарска Пресека, Широка, до крајната цел – врвот Пелистер.

    Турата која го носи симболичното име „Први на први“ е во организација на „Олимпус Монс“ на Пелистер, а втора година со ред е и дел од програмата на Општина Битола „Зимска приказна“.

     Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира