СО ПАРИ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ТРАНЗИТНА ОБИКОЛНИЦА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ ОД 3,2 КИЛОМЕТРИ

    СО ПАРИ ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ВО ШТИП ПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ ТРАНЗИТНА ОБИКОЛНИЦА СО РЕГИОНАЛЕН ПАТ ОД 3,2 КИЛОМЕТРИСпоред градоначалникот Јорданов, целиот проект со сета инфраструктура и новите објекти што се планираат на оваа делница, вклучувајќи го и идниот мост на реката Брегалница, ќе чини над 3 милиони евра. (Фото: СДК.МК)

    Со средства од унгарскиот кредит на Владата и сопствени средства од буџетот на Општината, во близина на влезот во Штип од правец на Скопје почна да се гради нова транзитна обиколница за Струмица, која ќе овозможи за овие патни правци да се оди без да се минува низ центарот на градот. Обиколницата ќе биде поврзана со регионален пат со две ленти во должина од 3,2 километри и нов мост на реката Брегалница во близина на бањско-рекреативниот комплекс Кежовица.

    Штипскиот градоначалник Иван Јорданов денеска го презентираше проектот пред владината делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски.  Министерство за локална самоуправа го одобри како еден капитален од вкупно шест прифатени проекти за Штип по вториот јавен повик за средства од унгарскиот кредит. Новата комбинирана населба е во близина на веќе постојната населба Пребег во Штип и ќе се протега покрај новиот експресен пат Три Чешми-Струмица.

    Според Јорданов, целиот проект со сета инфраструктура и новите објекти што се планираат на оваа делница, вклучувајќи го и идниот мост на реката Брегалница, ќе чини над 3 милиони евра.

    „Според Деталниот урбанистички план (ДУП) на Штип, се предвидува да се изградат и две станбени зони околу двете страни на новиот пат, каде веќе при крај на изградба се два водоснабдителни резервоарни системи,  зона за индивидуално домување и зона за лесна индустрија.  Тука може да живеат над 100 семејства, а стотина заинтересирани стопанственици може да отворат свои мали бизниси во сферата на таканаречената лесна индустрија. Се предвидува просторот хортикултурно да се оплемени со екопарк, а покрај патната делница ќе има и велосипедски патеки“,  рече Јорданов.

    Јордановвели дека и за овој проект се остварува добра соработка со Министерството за транспорт и врски кое и досега помагало за разни патни и водоводни и канализациони системи. Во тие рамки е и проектот на скада системот за полесно откривање на загубите на филтрирана вода кои на места изнесуваат и до 60 проценти, а ќе се утврдуваат и дивите приклучоци и дивото користење на водата од водоводната мрежа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира