СО ШЕСТ МЕСЕЦИ ОДЛОЖУВАЊЕ, ЗАВРШИ ОБНОВАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО

    СО ШЕСТ МЕСЕЦИ ОДЛОЖУВАЊЕ, ЗАВРШИ ОБНОВАТА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ВЕЛЕС-ГРАДСКОВредноста на работите беше 5,6 милиони евра (Фото: СДК.МК)

    Заврши обновата на регионалниот пат Велес-Градско, со што е испочитуван пролонгираниот рок, кој беше до 30 ноември. Првичниот рок за изведба на градежните работи од девет месеци истече на 30 мај годинава, кога од Државни патишта соопштија дека поради непредвидени и дополнителни работи, рокот е продолжен за шест месеци. Должината на обновената траса е 22 километри.

    За разлика од обновениот регионален пат Велес-езеро Младост, делницата Велес-Градско е обележана со хоризонтална сигнализација и е поставена заштитна ограда на дел од трасата. Тој се користи како алтернатива за автопатот Велес-Градско.

    Вредноста на работите беше 5,6 милиони евра, обезбедени со заем од ЕБОР.

    П. ПЕЧКОВ  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира