СОНЧОГЛЕДОВОТО ЌОСПЕ ОД МАСЛОДАЈНА НЕМА КОЈ ДА ГО КУПИ ЗА СТОЧНА ХРАНА, ОТИ Е НАМАЛЕН СТОЧНИОТ ФОНД

    СОНЧОГЛЕДОВОТО ЌОСПЕ ОД МАСЛОДАЈНА НЕМА КОЈ ДА ГО КУПИ ЗА СТОЧНА ХРАНА, ОТИ Е НАМАЛЕН СТОЧНИОТ ФОНДЌоспето се добива од лушпата на сончогледот при индустриска преработка и служи за храна на стоката. (Фото: СДК.МК)

    Зголемениот откуп на сончоглед и неговата преработка создадоа проблем во работата на велешка Маслодајна, единствен преработувач на сончогледот во масло за јадење во земјава. Фабриката не може да најде пласман за ќоспето, нуспроизвод од преработката на сончогледот, оти за нема купувачи во земјава. Ќоспето се добива од лушпата на сончогледот при индустриска преработка во маслодајната индустрија, богато е со белковини и служи за храна на стоката.

    „Нема заинтересирани кои сакат да го купат ќоспето. Тоа е сточна храна, но за жал во Македонија е многу намален сточниот фонд и сточарите кои претходните години го откупуваа не сакаат да го купуваат како храна, оти немаат стока. Така беше и лани, еве така е и годинава. Лани го продадовме за далеку пониска цена во Грција, годинава е неизвесно. Пласман, засега, нема“, вели Горан Лазов, директор на велешка Маслодајна.

    Годинава се очекува откуп на 10-11.000 тони сончоглед, највисок род последните десетина години. Лани, беа откупени 4.000 тони. Досега, Маслодајна откупила 8.500 тони.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира