СПАСЕН ЧОВЕК КОЈ ПАДНАЛ ОД ЧАМЕЦ ВО СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО

    СПАСЕН ЧОВЕК КОЈ ПАДНАЛ ОД ЧАМЕЦ ВО СМИЛКОВСКО ЕЗЕРОПротивпожарната бригада интервенираше со две возила и петмина пожарникари. (архивска фотографија)

    Петмина пожарникари извлекоа човек кому му се превртел чамецот попладнево во Смилковското езеро.

    Командирот на Бригадата за противпожарна заштита, Ѕвонко Томевски за САКАМДАЖАМ.МК вели дека во 13:26 било пријавено дека во Смилковско езеро се превртел чамец со човек, а целата интеревенција завршила во 14,30 часот.

    Човекот, кој е во средни години, е префрлен со Итна медицинска помош и е во стабилна состојба, вели Томевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира