СПОМЕН-КУЌИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ ВО ГОРНО ВРАНОВЦИ ЗАБОРАВЕНИ ОД ДРЖАВНИОТ ВРВ, ЗА 31 ГОДИНА НЕ ДОШОЛ НИТУ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НИ ПРЕМИЕР

    СПОМЕН-КУЌИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ ВО ГОРНО ВРАНОВЦИ ЗАБОРАВЕНИ ОД ДРЖАВНИОТ ВРВ, ЗА 31 ГОДИНА НЕ ДОШОЛ НИТУ ЕДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НИ ПРЕМИЕРВо Горно Врановци, од средината на септември до крајот на ноември 1944 година се наоѓала извршната и законодавна власт на тогашната Федерална Демократска Македонија, Президиудмот на НОВ, ЦК на КПМ, главниот штаб на НОБ, раководството на ОЗНА и печатницата „Гоце Делчев“ каде е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“. Тоа се и петте спомен-куќи. (Фото: СДК.МК)

    За 38 години постоење на спомен-куќите од антифашистичката Народно-ослободителна борба (НОБ) во историското село Горно Врановци, Велешко, таму не стапнал, ниту ги посетил претставник на државниот врв на Македонија. Ниту претседател на државата, ниту премиер, макар на 11 Октомври, Денот на народното востание против фашизмот.

    Во Горно Врановци, од средината на септември до крајот на ноември 1944 година се наоѓала извршната и законодавна власт на тогашната Федерална Демократска Македонија, Президиудмот на НОВ, ЦК на КПМ, главниот штаб на НОБ, раководството на ОЗНА и печатницата „Гоце Делчев“ каде е отпечатен првиот број на весникот „Нова Македонија“. Тоа се и петте спомен-куќи.

    Селото е во Општина Чашка и е на 29 километри од Велес.

    „Спомен-куќите не се посетени ниту од премиер, ниту од претседател на државата за овие 31 години самостојна држава, ниту од некој претставник на власта претходно во рамките на СФРЈ, иако може да се каже дека Горно Врановци е првата престолнина на државата Македонија. Тука имаат единствено дојдено Владо Бучковски како министер за одбрана и Ирена Стефковска како министерка за култура“, кажа Марин Клифов од Народниот музеј во Велес, до неодамна раководител на овие спомен-куќи, а сега во пензија.

    Тој рече дека на отворањето пред 38 години биле Лазар Мојсов, член на претседателството на СФРЈ, и генерал Михајло Апостолски, а имало околу 20 илјади гости.

    Освен државниот врв, спомен-куќите имаат и малку посетители, зашто од 2005 се затвори хотелот „Горно Врановци“ па гостите нема каде да престојуваат.

    Четири од спомен-куќите се во сопственост на Народниот музеј од Велес, за кои се грижи и вработено лице. Куќата каде била сместена ОЗНА е во сопственост на МВР и таа е во лоша состојба.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира