СРЕДЕ ЛЕТО САМО НАУТРО ИМА ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА ПРЕТОР ВО ПРЕСПА

    СРЕДЕ ЛЕТО САМО НАУТРО ИМА ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД ТУРИСТИЧКАТА НАСЕЛБА ПРЕТОР ВО ПРЕСПАВо вакви услови невозможно е да се развива туризам, да се издаваат вилите без елементарни услови за престој, велат летувалците. (Фото: СДК.МК)

    „Водиме туризам на македонски начин. Среде лето без вода. Крај езеро, жедни“, саркастични се летувалците во туристичката населба во Престор крај Преспанското Езеро. Се жалат дека среде туристичка сезона, на екстремно високи температури од 40 степени Целзиусови не можат да се избањаат кога ќе се вртат од плажа во вилите. Преку ден повремено добиваат вода, често со слаб притисок, а потоа секнува иако редовно плаќаат сметки за водоснабдување.

    „Од одамна имало проблеми и последните неколку години го решија тоа со пуштање техничка вода, па имаше известување дека не е за пиење и функционираше. Годинава пак има проблем. Дел од викенд населбата Претор, во повисоките делови, или немаме вода или таа е со слаб пристиок. Претежно сме родители со дечиња или пензионери. Еднаш во денот доаѓа со милиомален притисок, па по полноќ. Не можеш да се испереш, ни да се искапеш“, велат летувалците.

    Директорот на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен, Марчел Русу, вели дека ги преземаат сите расположливи капацитети за населбата да ја обезбедат со вода, но нерационално се троши. Долните делови од населбата се снабдуваат преку водоводна мрежа, а за повисоките делови за да се реши хроничниот недостиг на вода инвестирано е во резервоар со техничка вода. Навечер ја запираат за да го наполнат резерварот со вода, сабајле ја пуштааат, а после ручек нема вода зашто енеромно се троши.

    „Две недели работиме за да донесеме повеќе вода. Го направиме она што го побараа, да остане таа вода само за погорните куќи. Но, треба рационално да се користи, да не се полеваат дворови. Еден резервоар од 50 литри, 10 до 20 куќи, тие го трошат за 5 часа. Од една страна бараат вода и нè критикуваат, а од друга страна ја користат нерационално… Упорни сме за да дојде до решение на проблемот, меѓутоа колку и да донесеме вода, нема да им стигне. Не може една куќа на ден да троши повеќе од едне кубик. По статистика на лице месечно се троши на светско ниво од 6 до 7 кубици во нормална потрошувачка, а овие трошат еден кубик на куќа на ден и повеќе од еден кубик. И да донесеме повеќе вода, недоволно е“, вели Русу.

    Летувалците се жалат и на други проблеми кои ја уништуваат туристичката понуда во Претор.

    „Контејнерите се празнат еднаш неделно. Улично светло од населбата кон Претор неавечер нема. Порано имаше по една светилка, а сега ниедна. Струја вчера пола ден немаше. Секој ден нешто нема“, велат летувалците и сопствениците на вилите.

    Во вакви услови според нив, невозможно е да се развива туризам, да се издаваат вилите без елементарни услови за престој.

    За поплаките со полни контенери, директорот Русу вели дека имале проблеми со возилата и со возачите. Контејнерите во пониските делови од населбата еднаш неделно се подигаат, а тој што е во највисокиот дел каде не може да искачи возилото поради одредени пречки, ќе се подигне и ќе нема проблем.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира