СТАРИТЕ ЦРКОВНИ СПОМЕНИЦИ ВО БИТОЛСКО СЕ ВО АЛАРМАНТНО ЛОША СОСТОЈБА

    СТАРИТЕ ЦРКОВНИ СПОМЕНИЦИ ВО БИТОЛСКО СЕ ВО АЛАРМАНТНО ЛОША СОСТОЈБАГолем дел од фрескосликарството и иконописното наследство е посебно загрозено од поради лошите микроклиматски услови во дел од црквите. (архивска фотографија)

    Во алармантно лоша состојба се наоѓаат црковни споменици кои датираат од 10 до 19 век во Битолско, алармира Ристо Палигора, историчар на уметност и советник конзерватор во битолскиот Завод и музеј по повод Меѓународниот ден за заштита на културното наследство.

    „Врз основа на нашите искуства кои ги стекнавме со теренските истражувања кои редовно ги правиме последните години, може да се каже дека состојбата со црковните споменици, многу значајни споменици на културата кои се датираат од 10 до 19 век е во аларматно лоша состојба. Тоа се должи пред сè на состојбите во селските средини, каде населението е драстично намалено. Постојат селски населби со значајни црковни споменици кои немаат постојано жители. На тој начин, црквите се изложени на постојано пропаѓање, можат да бидат подложени на кражби зашто нема кој околу нив постојано да води грижа“, рече Палигора.

    Тој додаде дека еден голем дел од фрескосликарството и иконописното наследство е посебно загрозено од поради лошите микроклиматски услови во тие објекти.
    „Тоа е последица на голема концентрација на влажност, силни атмосферски влијанија и недобивањето на најнеопходна нега и грижа на тие артефакти“, кажа Палигора.

    Преспанско-пелагонискиот регион изобилува со голем број на стари цркви и манастири со многу значајни фрески и икони.  (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира