СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ КАЈ БИТОЛА, НО ОСТАНУВА СОМНЕЖOT ДЕКА И ОВОЈ БИЛ ПОДМЕТНАТ

    СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА ПОЖАРОТ КАЈ БИТОЛА, НО ОСТАНУВА СОМНЕЖOT ДЕКА И ОВОЈ БИЛ ПОДМЕТНАТКомандирот на Битолската пожарна Горан Димковски вели дека намерно било запалено на голо место и оставено да се рашири на непристапен терен каде тешко се интервенира. (Фото: СДК)

    По шест фрлања вода од „ер-тракторите“ и две на хрватскиот „канадер“, по контрола е ставен пожарот кој избувна вчера кај рекреативната зона Смолево во Битола и се прошири кон Буково претставувајќи опасност и за Пелистер.

    Сепак, остануваат сомнежите дека и овој пожар бил предизвикан од човечки фактор. Командирот на Битолската пожарна Горан Димковски вели дека намерно било запалено на голо место и оставено да се рашири на непристапен терен каде тешко се интервенира.

    „Никој не можи да ме убеди дека не е човечки фактор и намера. Не може во шума срча да биде како што се лажат некои. Ова е во шума внатре, нема сонце, па срча да се запали. Или фрлил некој цигара, ни тоа не е. Намерно на голо место запалено и оставено да се рашири на непристапен терен каде не можеме со возилата да интервенираме“, рече Димковски.

    Сепак екипи на Пожарната, јавните претпријатија и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) остануваат на терен да ја контролираат ситуацијата.

    „Осми ден сме на терен. Состојбата во цела држава е ризична зашто имаме многу високи температури над 40 степени и сува вегетација, идеални услови за пожар“,  рече Адеми Лимани координатор на авионите на ДЗС.

    Во пожарот изгоре поголема површина претежно борова шума. Пожарникари и други доброволци, меѓу кои и жители на Буково, го гаснеа до четири часот изутринава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира