СТО ШТИПСКИ ПЕНЗИОНЕРИ СО НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 6.000 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНАТА

    СТО ШТИПСКИ ПЕНЗИОНЕРИ СО НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 6.000 ДЕНАРИ ОД ОПШТИНАТАПарите ќе бидат исплатени во наредните неколку дена, вели градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. (Фото: СДК.МК)

    Сто пензионери од Штип кои се со најниска пензија и се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, од Општина Штип ќе добијат по 6.000 денари финансиска помош, најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

    „Оваа финансика поддршка на најзагрозените граѓани пензионери е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 насловена ‘Социјална сигурност за стари лица’. Главна цел на оваа општинска помош е подобрување на состојбата на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон најранливите категории граѓани“, вели Јорданов.

    Средствата во вкупен износ од 600.000 денари (околу 10.000 евра) на стоте пензионери ќе бидат исплатени во наредните неколку дена.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира