Студеното време не ги спречи околу илјада учесници да ги презентираат своите креации на Струмичкиот карневал, каде преку костими и музичко-сценски настапи беа пренесени разновидни пораки. Дефилето на струмичките улици траеше четири часа, а доминираа маските и големите карневалски возила изработени во стилот на оние во Рио де Жанеиро.

На овогодинешното издание учествуваа 40 групни и поединечни маски од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија. (Фото: СДК.МК)
Мотивите на маските, кои се подготвуваа изминативе месеци, опфатија ликови од митологијата, сцени од македонското минато, како и актуелни теми за заштита на природата и животните. На овогодинешното издание учествуваа 40 групни и поединечни маски од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.
Танкица Стојанова од организациониот одбор изјави дека Струмичкиот карневал е македонски бренд, додавајќи дека граѓаните ја потврдиле верноста кон традицијата на маскирање. Таа вели дека квалитетот на маските е потврден и преку комплиментите од претставниците на Европската асоцијација на карневалски градови.

Мотивите на маските, кои се подготвуваа изминативе месеци, опфатија ликови од митологијата, сцени од македонското минато, како и актуелни теми за заштита на природата и животните. (Фото: СДК.МК)
Карневалот го следеа илјадници гости од земјава и странство, а како новина беше организирана отворена забава под маски со настап на Кирил Џајковски.
В. ТРАЈКОВ



