СТРУШКАТА БОЛНИЦА СО ДОНАЦИЈА ДОБИ САНИТЕТСКО ВОЗИЛО ЗА ПРЕВОЗ НА ТЕШКО БОЛНИ

    СТРУШКАТА БОЛНИЦА СО ДОНАЦИЈА ДОБИ САНИТЕТСКО ВОЗИЛО ЗА ПРЕВОЗ НА ТЕШКО БОЛНИВозилото е со посебна специјална опрема, кислород и респиратор. (Фото: СДК.МК)

    Општата болница  во Струга денеска со донација доби санитетско амбулантно возило за итна медицинска помош преку Фондацијата за развој на образование и култура – Албиз.

    „Со оваа донација дополнително се зајакнуваат капацитетите за транспорт на пациенти и се овозможува побрз и полесен пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено кога станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење“, вели директорот на болницата Арменд Арслани.

    Според него, ваквата донација на возило со посебна специјална опрема, софистициран кревет, кислород и респиратор посебно е значајна, бидејќи во време на ковид-пандемијата голем е бројот на пациенти кои имаат потреба од возило со вклучена современа апаратура.

    Состојбата во Струга со ковид позитивни е стабилна, вели Арслани. На Интерното одделение хоспитализирани се 13 болни од кои 6 се на кислородна поддршка, додека во новоотворената модуларна болница има 11 пациенти од кои 5 примаат кислородна поддршка.

    „Сите ресурси се ставени располагање и моментално ситуацијата е стабилна. Повеќето пациенти се над 60-годишна возраст. Двајца од нив се со потешка клиничка слика. Имаме доволно слободни кревети“, вели Арслани.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира