СТУДЕНЧИШКИ КАНАЛ Е ПРЕПОЛН СО ЈАХТИ И ГЛИСЕРИ, ОХРИД БАРА МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА МАРИНА

    СТУДЕНЧИШКИ КАНАЛ Е ПРЕПОЛН СО ЈАХТИ И ГЛИСЕРИ, ОХРИД БАРА МЕСТО ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА МАРИНАВо каналот моментално има стотина пловни објекти (Фото: СДК.МК)

    Студенчишки канал кај Охрид е преполн со закотвени јахти и глисери и слободни места за нови пловила речиси нема. Ова е првпат во каналот да има стотина пловни објекти, чии сопственици мака мачат да обезбедат место за нови везови.

    „Во моментов во водите на Охридското Езеро има околу 400 пловни објекти. Сите тие не се закотвуваат во Студенчишкиот канал. Сопствениците наоѓаат и други места. Досега за паркирање на пловилата надомест се плаќаше само во делот кон објектот на АРМ. Со одлука на Советот на Општината, спротивниот дел од овој објект сега е предаден на управување на ЈП ‘Билјанини извори‘, кое ги користи и паркинзите низ градот. Тие треба да донесат одлука за висината на паркирањето на пловни објекти во каналот”, ни изјави капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа Горан Устијаноски.

    Од локалната власт во Охрид велат дека се свесни за потребата од изградба на марина за пловни објекти, но сега се бараат најсоодветни решенија, при што посебно се води сметка за еколологијата, што стана актуелно по последниот нацрт извештај на Комитетот на УНЕСКО.

    Има предлог марината да се изгради кај Далјан, но за таа иницијатива нема конечен став.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира