ТАБЛИТЕ СО „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ОСТАНАА НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА, НЕМА ОДГОВОР КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ОТСТРАНИ

    ТАБЛИТЕ СО „ВАНЧО МИХАЈЛОВ“ ОСТАНАА НА БУГАРСКИОТ КЛУБ ВО БИТОЛА, НЕМА ОДГОВОР КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ОТСТРАНИТаблите останаа да висат на објектот каде е сместен бугарскиот клуб во Битола иако поминаа дванаесет дена откако здужението е избришано од Централниот регистар. (Фото: СДК.МК)

    Таблите „Клуб Ванчо Михајлов-ВМРО“ и Културен центар „Иван Михајлов“ останаа да висат на објектот каде е сместен бугарскиот клуб во Битола, иако поминаа дванаесет дена откако здужението е избришано од Централниот регистар. Ниту една институција не одговори прецизно во чија надлежност е отстранувањето на таблите од објектот.

    Од Министерството за правда не добивме одговор на нашето прашање кога и кој ќе треба да ги острани таблите од бугарскиот клуб иако здружението од Центтралниот регистар беше избришано откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива како неосновано барањето за одобрение за користење на името на Михајлов во називот на бугарскиот Културен центар во Битола. Од СВР Битола одговорија дека немаат добиено таков акт за постапување, а од Општина Битола дека на објекти од централното градско подрачје кои се заштитени со закон тие не можат да постапуваат.

    Во меѓувреме, додека да се утврди дали и кој треба да постапи, таблите со името на Ванчо Михајлов и понатаму продолжуваат да ги иритираат битолчани.

    Комисијата за употреба на имиња на личности уште минатиот месец наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ, имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ.

    Бугарските клубови во државата имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации. Според измените, во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со национална, етничка нетрпеливост, геноцид, поддршка на нацизам и фашизам.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира