ТАЛЕСКИ НА ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ МУ КАЖУВА ШТО Е ПРИОРИТЕТНО ДА ГРАДИ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕСКИ НА ИДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ МУ КАЖУВА ШТО Е ПРИОРИТЕТНО ДА ГРАДИ ВО БИТОЛА

    Иако мандатот му истекува за неколку месеци, битолскиот градоначалник Владимир Талески најави дека дел од капиталните прокети ќе се доправаат или ќе почнат да се реализираат годинава, па дури и на почетокот на 2018 година. На листата со проекти кои допрва ќе следат или ќе се доработуваат се санација на стотина улици, изградба на пречистителна станица и колекторски систем кон почетокот на 2018 година, доградба на стадионот „Под тумбе кафе“ во следните две години, на есен поставување на споменикот на војводата Александар Турунџев, топлификација, па и санација на „Офицеркиот дом“.

    Талески вели дека има голема желба и обврска да ги заврши прокетите што ги вети, но она што нема да стигне да го направи, ќе му го напише како приоритет во предлог програма до идниот градоначалник. Запрашан дали неговиот наследник ќе биде обврзан да ги завршува неговите проекти, Талески одговори дека ако некој не ги исполни би работел на сопствена штета.

    „Се надевам дека ќе имаме можност да влијаеме врз програмата што ќе биде за идните четири години. Сега ќе предложам предлог програма без разлика кога ќе бидат локалните избори и кои ќе бидат кандидатите. Она искуство што го имаме фер е да го пренесеме и да кажеме дека во оваа општина следни приотитети што треба да се реализираат се тие и тие. Убеден сум дека нема да има човек кој ќе го спречи проектот во касарната или во индустриската зона ‘Жабени’, дека нема да го прави ‘Копанки’, влезовите од градот или некој да прекине да го гради стадионот. Мислам дека во интерес би било да се поддржат започнатите проекти“, рече Талески.

    Иако на власт е три мандати, односно 12 години, се пожали дека не успеал да да дореализира дел од проектите зашто две години се соочиле со политичка криза. Тој не откри дали поднел кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ за четврти градоначалнички мандат (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира