Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска по тримесечно отсуство повторно седна во градоначалничката фотелја. По четири дена откако му беше укината мерката куќен притвор тој денес се врати на работа. Ова неофицијално го потврдуваат вработени во општината.
Според нив Талески веќе седнал на заедничка маса со дел од раководителите на општинските служби да види како стојат работите со општината и што активности да преземат за натаму. Нема официјална информација кога ќе се појави на прес и во јавноста.
Талески беше во куќен притвор три месеци како осомничен за случајот Транспортер. Пред четири дена Апелациониот суд му го укина притворот, на што се жалеше СЈО.