ТАЛЕСКИ ВРАБОТУВА 19 НОВИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ СО ПРЕЦИЗИРАНА НАЦИОНАЛНОСТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТАЛЕСКИ ВРАБОТУВА 19 НОВИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ СО ПРЕЦИЗИРАНА НАЦИОНАЛНОСТ

    Додека битолскиот градоначалник Владимир Талески беше во куќен притвор, општина Битола распиша конкурс за вработување на 19 државни службеници. Конкурсот беше објавен на 26 август и траеше до осми септември. Со конкурсот се бараа раководители на одделенија, помлади соработници и советници. Покрај објавените работни места, во конкурсот пишуваше и од која националност треба да биде вработеното лице. Така, за советник за локални патишта и улици се бара Албанец, за раководител на одделението за административни и општи работи да биде Македонец и советникот за водење на постапка за јавни набавки да е Ром.

    oglas-bitola

    За советник за локални патишта и улици, општината бара Албанец.

    Од СДСМ обвинија дека ова се незаконски вработувања зашто не биле одобрени од Советот на општината.

    „Со овој оглас директно се крши Законот за вработување во јавниот сектор. Општината треба да има годишен план за вработување кој треба да биде доставен и усвоен од страна на Советот на општина Битола до 31 мрт годинава. Таков план за вработување Советот нема изгласано“, изјави Благојче Котевски, советник од СДСМ.

    Тој уште додаде дека огласот е дискриминаторски зашто одредува вработениот од каква националност треба да бидат иако Уставот гарантира еднаквост на сите граѓани без разлика на националната и етничката припадност.

    Од општината потврдија дека имаше конкурс за вработување на државни службеници, а најавија дека наскоро ќе одговорат и на обвинувањата на опозицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира