ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ НЕ БАРААТ УСЛУГА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ, САМО ДА СИ ЈА ЗАРАБОТАТ ПЛАТАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Штип,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ НЕ БАРААТ УСЛУГА ОД ПРАТЕНИЦИТЕ, САМО ДА СИ ЈА ЗАРАБОТАТ ПЛАТАТА

    Работничките и човековите права на работниците во текстилната и кожарската индустрија во Штип и со што треба да се занимаваат новите пратеници се темите во третата епизода од ТВ серијалот „Пратеник од доверба“. Дискриминација, мобинг, немање елементарни услови за работа, неплатена постојана прекувремена работа и работа за викенди и празници се проблемите со кои се соочуваат овие работници и бараат решение од пратениците во новиот парламентарен состав.

    „Кога се сретнуваме на терен со проблемите на овие работници, ние сфаќаме дека законите кои ги донеле токму тие пратеници не се во служба на работниците, туку во полза на работодавачите. Ние како работници не бараме услуга од нив, само да си ја заработат платата што ја земаат во парламентарниот дом“, вели Кристина Ампева од граѓанското здружение на текстилни работници „Тивко мнозинство – Гласно“.

    ТВ серијалот „Пратеник од доверба“ е составен од прилози, снимени во шест града, од шесте изборни единици, Тетово, Куманово, Штип, Битола, Струмица и Охрид, со различни профили на соговорници, поранешни пратеници, граѓански активисти и јавни личности од културниот и спортскиот живот и има за цел да ја едуцира јавноста за значењето на функцијата пратеник и да се обезбеди подобра врска меѓу граѓаните и законодавниот дом и со тоа да се подобри квалитетот на претставничката демократија во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира