ТЕТОВО ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ СО ДЕЦА НА КОЊИ НИЗ ПЛОШТАДОТ

    ТЕТОВО ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ СО ДЕЦА НА КОЊИ НИЗ ПЛОШТАДОТНа градскиот плоштад продефилираа две малолетни деца, облечени во албанска народна носија, закитени со албански знамиња и качени на коњи. (Фото: СДК.МК)

    Тетово денес беше преплавено со албански знамиња, иако 28 Ноември, Денот на албанското знаме, ниту е државен, ниту национален, а ни верски празник. Во централниот дел од градот, а и по околните улици, на секоја втора бандера имаше по три-четири албански знамиња, а само на неколку од нив имаше и закачено македонско знаме и знаме на Општина Тетово.

    Кулминација секако беше кога среде градскиот плоштад продефилираа две малолетни деца, облечени во албанска народна носија, закитени со албански знамиња и качени на коњи. Со коњите се шетаа по градскиот плоштад, а потоа и по тетовските улици.

    Денешниот датум, 28 ноември, кој кај Албанците се прославува како Ден на албанското знаме, во Тетово вака се обележува секоја година. За државните празници на Македонија, како што се 2 Август, 8 Септември, 11 Октомври и други, на улиците едвај можат да се видат десетина македонски знамиња, на овој ден Тетово се црвенее од албански знамиња.

    Поставувањето на знамињата за државен празник или за некое друго одбележување е во надлежност на Општина Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира