ТРЧАЈТЕ ПО КОКОШКИТЕ И КОЛЕТЕ СИ ГИ САМИ, ИМ РЕКЛЕ МОРОИШТАНИ НА ИНСПЕКТОРИТЕ

a:3:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:11:"td_subtitle";s:275:"Педесеттинаинспекториод(АХВ)јавршатакцијатазаспречувањенапроширувањетонавирусотАХ5Н8.Патогениотвируснееопасенпоздравјетоналуѓето";s:9:"td_source";s:45:"Струга,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТРЧАЈТЕ ПО КОКОШКИТЕ И КОЛЕТЕ СИ ГИ САМИ, ИМ РЕКЛЕ МОРОИШТАНИ НА ИНСПЕКТОРИТЕ

    Дел од жителите во струшкото село Мороишта каде што е регистриран птичји грип не даваат петлите и кокошките да ги уништат инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ).

    Од  Агенцијата за храна и ветеринаство  велат дека  за сите нив ќе следуваат кривични пријави и со асистенција на полиција ќе им биде одземена живината.

    mor2q

    Струшкото село Мороишта и денес е под силно полициско обезбедување. Полиција го контролира влезот и излезот на селото. Во селото е дозволено да влегуваат единствено жители на Мороишта. (Фото:АХВ)

    „Трчајте по кокошките и заколете ги самите, нема ние да ви ги фаќаме“, им рекле дел од селаните на инспекторите. Селаните со кои разговаравме велат дека ја кријат живината иако очекуваат да има претреси по куќите за да им се одзме живината.

    Екипите водат посебен надзор и во околните села да се спречи проширувањето на вирусот АХ1Н8, кој за среќа не е опасен по здравјето на луѓето.

    „Има  прогласено заразни зони од три и 10 километри. Имаме заштитна зона и зона под надзор од каде земамме интензивно мостри и секаде каде што ќе се утврди присуство на вирусот ние ќе ги спроведиме мерките на нештетно убивање и отстранување на живината“, велат од Агенцијата за храна и ветеринарсво.

    По појавата на птичји грип,  вчера беше извршен попис на целокупната живина. Во 105 куќи во селото попишани се околу 3.000 птици, кои  треба да се убијат, а потоа на депонија се палат.

    Струшкото село Мороишта и денес  е под силно  полициско обезбедување. Полиција го контролира влезот и излезот на селото.  Во селото е дозволено да влегуваат единствено жители на Мороишта.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари