ТРГОВЦИТЕ ВО ШТИП ТЕШКО ГИ ПРИФАЌААТ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА, НЕКОИ МАРКЕТИ И ДЕНЕСКА НЕ ИСТАКНАА ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ

    ТРГОВЦИТЕ ВО ШТИП ТЕШКО ГИ ПРИФАЌААТ МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА, НЕКОИ МАРКЕТИ И ДЕНЕСКА НЕ ИСТАКНАА ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИСтопанствениците и натаму реагираат дека немале доволно време да направат корекции на цените (Фото: СДК.МК)

    Само дел од маркетите во Штип уште првиот ден од донесувањето на најновите мерки на Владата ги намалија цените на овојшето, зеленчукот, пијалаците и пивото за најмалку 10%. Некои дисконти истакнаа „гарантирани цени“ на овошјето и пијалацитге.

    Но, главните маркети во Штип и денеска го започнаа работниот ден без „гарантирани цени“ на овошјето, зеленчукот и пијалаците, а некаде имаше и поскапувања. Најдрастичен пример е цената на доматите, кои до 10 часот имаа цена од 62 денари, а потоа таа се зголеми на 92 денари.

    Збунети се и продавачите. Тие на рафтовите имаат едни цени веќе подолго време, а дури денеска на касите им излегува коригираната цена за многу артикли, дури повисока, па биле принудени да ги отстранат старите истакнати цени.

    Стопанствениците и натаму реагираат дека немале доволно време да направат корекции на цените, но премиерот Ковачевски уште при воведувањето на „гарантираните цени“ им порача дека „кога се работи за зголемување, тие можат преку ноќ да ги зголемат цените, така што истото можат да го направат и со намалувањето“.

    Владата првично објави листа на околу 500 производи, за кои маркетите беа задолжени да ги намалат цените за најмалку 10 проценти и дека за оние кои нема да ја почитуваат мерката се предвидени и казни, но и затворање на маркетите, што во некои градови е и сторено.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира