ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ НАЈМАЛИОТ УЧЕСНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА „МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“

    ТРИМЕСЕЧНО БЕБЕ НАЈМАЛИОТ УЧЕСНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА „МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“Бебето во Битола допатува заедно со неговата мајка Рузмира Бејај, ликовен педагог од Тирана, Албанија. (Фото: СДК.МК)

    Меѓу осумдесетината учесници на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ во Битола, симпатиите на присутните ги освои тримесечниот Леудрид Бејај кој доби и маичка и рекламен материјал од фестивалот. Бебето во Битола допатува заедно со неговата мајка Рузмира Бејај, ликовен педагог од Тирана, Албанија.

    „Така да речам само што се породив, а допатував тука со моето бебе. Сакав да бидам и на манифестацијата , а и со него“, рече Рузмира.

    Меѓу гостите на 41. издание на ликовната колонија што вчера се отвори во Битола е и екипа од Володимир-Волински, Украина.

    „Првавете го тоа што го сакате и не грижете се што другите мислат за вас“, порача ученичката Софија Сурмег, член на тимот од, Украина. Иако во нејзината држава има војна, тричлена екипа, одлучи да допатува во Македонија.

    „Дојдов тука со мојата наставничка и други ученици. Дојдовме тука да го споделиме нашето искуство од уметноста. Битола многу ни се допаѓа. Немавме проблеми при патувањето, со авион од Чешка пристигнавме во Австрија, а од таму со друг авион дотука“, рече Сурмег.

    Претседателката на Детското ликовно студио Елена Хаџи Антоновска на приустните им порача: „Во време на луѓе, одважете се и храбро одберете да бидете човек. Светот останува на вас и вашатата креативна имагинација, творете и ширете добрина!“

    Додека трае ликовната колонија, во среда во соработка со Македонски пошти ќе излезе и нова поштенска марка со култниот „Мал битолски Монмартр“. Иницијалите на светски признатиот ликовен педагог Коста Хаџи Антоновски, идеен творец на „Монмартр“, ќе станат составен дел од логото, амблемот, заштитниот знак и знамето на Детското ликовно студио.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира