ТУНЕЛСКАТА ПЕЧКА НА ВЕЛЕШКАТА ФАБРИКА „ЕУРО БРИК“ ДОБИ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ЗАШТО ПРЕТЕРАНО ЗАГАДУВА

    ТУНЕЛСКАТА ПЕЧКА НА ВЕЛЕШКАТА ФАБРИКА „ЕУРО БРИК“ ДОБИ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА ЗАШТО ПРЕТЕРАНО ЗАГАДУВАВо лабораторискиот извештај стои дека фабриката користи петрол кокс како гориво (Фото: СДК.МК)

    Државниот инспектор за животна средина при вонреден надзор утврдил дека велешката фабрика „Еуро брик“, поранешен „Киро Ќучук“, го загадува воздухот со високи вредности на прашина.

    „Констатирано е дека резултатот од извршениот мониторинг на емисии на прашина од страна на акредитираната лабораторија ‘Технолаб‘ од Скопје не задоволува согласно постојната подзаконска регулатива, односно од дозволените 50 милиграми на кубен метар, измерени се 100,84мг/м3“, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

    Во лабораторискиот извештај било наведено дека се користи петрол кокс како гориво, односно дека на тунелската печка не се поставени системи за намалување на емисиите.

    „Поради ова, изготвено е решение за забрана на работењето на постројката, со рок веднаш, а најмногу за 90 дена да се отстранат причините за настанатата состојба“, информираше ДИЖС.

    Доколку не се постапи согласно решението, од ДИЖС најавуваат дека ќе биде покрената прекршочна постапка согласно законските прописи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира