ТУТУНАРИТЕ ОД СТРУМИЧКО ПАТУВААТ И ПО 40 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА ГО ПРОДАДАТ ТУТУНОТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТУТУНАРИТЕ ОД СТРУМИЧКО ПАТУВААТ И ПО 40 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА ГО ПРОДАДАТ ТУТУНОТ

    Тутунопроизводителите од струмичките села Раборци, Попчево, Рич и Белотино бараат откупните фирми да отворат откупни пунктови во овие населени места, бидејки за да го предадат произведеното мора да патуваат и по 40 километри и да чекаат по неколку денови. Според нив, речиси секое домакинство од овие села се занимава со тутун и имаат од петстотини до илјада произведени килограми, но за да го продадат мора да го носаат дури во селата Дабиле или Петралинци кои се на спротивната страна од струмичката котлина.

    „Во 4 часот станувавме за берба во 4 стануваме сега за да го носиме на продажба и тоа дури во Дабиле или Петралинци кои не се воопшто тутунарски села. Плаќаме превоз по 1.500 до 2.000 денари за да ги однесеме произведените количини и ако не успееме да го предадеме го враќаме и следниот ден повторно. Не е во ред во овој регион да нема откупен пункт. Нека отворат овде во Рич. Целата работа е за еден месец“, коментираат тутунарите од овие села
    За проблемот на тутунарите од овие поделенички села во струмичко се запознаени и тутунарските здруженија. Од таму тврдат дека разговарале за овој проблем со компаниите, но решение не било најдено
    „Според разговорите со фирмите, пунктови се отвараат во оние места кои ќе одговараат на поголем број кооперанти или во таа област да има можност да се соберат најмалку од 100 до 200 тони произведен тутун. Во Рич ова сезона не е планиран откупен пукт бидејки за фирмите не е исплатливо“, рече Марјан Трајков од здружението Басмак.
    Во струмичко, родот се очекува да тежи околу 1.800 тони што во однос на лани е помалку за околу 30 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира