Деветнесетгодишниот Б.Х. е убиен синоќа на семејна веселба во селото Липково. Трагедијата се случила околу 23 часот во дворот на куќата каде што се одржувала свадбата. Во еден момент, еден од гостите извадил пиштол и испукал повеќе куршуми, од кои што еден завршил во градите на момчето.
Семејството го пренело несреќното момче во Кумановската болница во 23.30 часот, каде што била констатирана смрт. Tелото е предадено на обдукција. Против лицето кое пукало од пиштол ќе биде поднесена кривична пријава, убиство од небрежност.
Б.Х. со своите родители живеел во Германија, а дошол на гости во Прешево Србија, а присуствувал на семјна веселба во Липково. (С.Н.)