Минатата недела во скопската Зоолошка градина угинаа седум берберски овци, потврдија вработените. Од Зоолошката градина денеска соопштија за угинатите животни. Велат се сомневаат дека животните се отуени оти во живеалиштето биле пронајдени гранки од растението тиса, кое може да биде отровно.
„Во текот на минатата недела, поточно во вторникот на 11 февруари, во живеалиштето на берберски овци при редовна утринска контрола пронајдовме угинати животни, кои немаа видливи знаци на повреди, ниту пак претходно покажале знаци на болест. Веднаш беа повикани инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направија целосен увид на лице место и ја отпочнаа постапката за обдукција на угинатите единки. Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата“, велат од Зоолошката градина.
Од градината велат дека не знаат кој ги фрлил растенијата во живеалиштето на берберските овци.
Изминативе две години во скопската ЗОО угинаа лавот Жика, слоницата Дуња, сибирската тигрица Надја и жирафите Каспер и Флопи.
А. АНТЕВСКА