УМЕТНИЦАTA МАРГАРЕТА СПАСОВ ИМЕНУВАНА ЗА ДИРЕКТОРКА НА ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА

    УМЕТНИЦАTA МАРГАРЕТА СПАСОВ ИМЕНУВАНА ЗА ДИРЕКТОРКА НА ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛАМаргарета Спасов не е дел од колективот и е именувана по конкурсот откако 10 месеци в. д. директор беше Зоран Николовски. (Фото: СДК.МК)

    Ликовната уметница Маргарета Спасов е именувана за директорка на Центарот за култура и Завод и Музеј Битола. Таа претходно не работеше во оваа установа, а од Министерството за култура за САКАМДАКАЖАМ.МК соопштија дека досегашниот директор Зоран Николовски бил вршител на должност (в. д. ), и по распишаниот конкурас избрано е ново лице кое ќе ја раководи институцијата.

    Николовски како в. д. на чело на Завод и музеј Битола, инстутуција задолжена за заштита и промоција на културното богатство во Битола и околината, се задржа десет месеци. Тој ни изјави дека единствено му е жал што останaле недовршени проектите што ги започнал, како што се реновирањето на постојаната музејска поставка и спомен-собата за композиторот Кирил Македонски.

    Во неговиот мандат ги отвори обновените спомен-куќи на народниот херој Стив Наумов и војводата Гоце Делчев, и Јени џамијата како музеј на христијанското и муслиманското културно наследство која долги години се истражуваше и реставрираше. Ја обнови сувенирницата, ја осветли фасадата на Заводот, започна со уредување на влезот, отвори дел од обновената музејска поставка девет дена пред да биде именуван дов директор.

    Предизвика и бурни реакции во јавноста со палењето на коледарскиот оган во Пациото кое пред година и пол беше реконструирано со пару од ЕУ, како и со додавањето гради на плакатот за „Дамата од Милци“ во 3Д техника за изложбата на предисториските предмети „Првите кралеви на Европа“ што на 17 февруари се одржа во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира