УСЛОВНА КАЗНА ЗА МЕРКО ЗА НЕЗАКОНСКО ПОСТАВЕНАТА ДИРЕКТОРКА ВО ВЕЛЕШТА, СПОРЕД СУДИЈАТА ДИПЛОМАТА НЕ БИЛА ФАЛСИФИКУВАНА ТУКУ ИМАЛА НЕВИСТИНИТА СОДРЖИНА

    УСЛОВНА КАЗНА ЗА МЕРКО ЗА НЕЗАКОНСКО ПОСТАВЕНАТА ДИРЕКТОРКА ВО ВЕЛЕШТА, СПОРЕД СУДИЈАТА ДИПЛОМАТА НЕ БИЛА ФАЛСИФИКУВАНА ТУКУ ИМАЛА НЕВИСТИНИТА СОДРЖИНАИсправата не била лажна, но она што било напишано во неа не било точно, објасни судијата Јован Јованов.(Фото: СДК.МК)

    Условна пресуда добија обвинетите за незаконското поставување директорка во училиштето во Велешта, Рамиз Мерко, Егзона Шеи и Дритар Каба. Доколку тие во рок од две години од правосилноста сторат ново кривично дело ќе добијат казна затвор од една година.

    Според Судот нема лажна исправа во предметот со обвинетета Егзона Шеи која се товари за фалсификување исправа. Судот оцени дека за обвинетата Егзона постојат елементи на кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина. Исправата не била лажна, но она што било напишано во неа не било точно, објасни судијата Јован Јованов. Невистини имало во Уверението за приправнички стаж, Потврдата за работно искуство и мислењето на наставничкиот совет каде се вели дека ги совладала предвидените 42. компетенции.

    „Судот во поглед на правната квалификација која и се става на обвинетата Егзона оцени дека за да постои вакво дело потребно е да имаме лажна исправа која обвинатата понатаму ќе ја употреби како вистинска. Меѓутоа лажна исправа се смета она којашто по својот изглед и форма наликува на вистинската но не е така затоа што одредени делови се преправани или менувани со цел да се стекне лажен впечаток дека исправата е вистинска. Доколку е изготвена од неовластено лице, неовластена институција, фалсификуван потпис, печат, а во конкретниот случај такво нешто нема“, вели судијата Јован Јованов.

    Тој објасни дека исправите се издадени од училиштето потпишувани од овластени лица, дали секретар, дали помошник директор и уредно заведени под архивски број. Од формален аспект, како што рече, ништо не е проблематично оти не станува збор за лажна исправа.

    Јованов кажа дека според правилата Егзона требало како апсолвент да се вработи како приправник, да и биде определен ментор, а по истекот на една година приправнички стаж требало да дипломира. Откако ќе стекне статус наставник по 5 години работно искуство да се кандидира за директор.

    „Егзона имала статус на приправник и во 2022 година кога дипломирала,а истиот месец кога дипломирала била избрана за в. д. директор, а по седум месеци се пријавила да полага стручен испит за наставник, но пријавата не поминала оти менторот кој и бил доделен бил избран само неколку дена пред да биде поднесена пријавата со што немало извештај кој требало да го даде менторот. Дури во април 2023 менторот дал позитивно мислење и таа уште еднаш се пријавила да го полага стручниот испит за наставник во време кога го почнала својот трет и последен мандат како в. д. директор“, објасни Јованов.

    Рамиз Мерко е осуден за Несовесно вршење работи во службата оти ја назначил Егзона за в. д. директор без да исполнува услови, немала валиден сертификат за англиски јазик, немала положени стручен испит за директор како ни 5 години стаж како наставник.

    Во предметот со незаконското поставување директор во ОУ ‘Браќа Миладиновци’ во Струга, обвинетите денеска се осудени со парична казна од 50 дневни глоби по 50 евра односно 2. 500 евра во денарска противвредност.

    Според Обвинителството не може за едно исто кривично дело една пресуда да е условна, а друга парична. По добивање на пресудата обвинителот Џемал Лога најави жалба.

    Мерко претходно доби парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување директори на училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци. Судијата Јордан Јованов го прогласи за виновен за кривичното дело Несовесно работење во службата.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира