УТРЕ ЌЕ СЕ УРИВА БЕТОНСКОТО КАФУЛЕ НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

    УТРЕ ЌЕ СЕ УРИВА БЕТОНСКОТО КАФУЛЕ НА ЗЕЛЕНИОТ ПОКРИВ НА ГТЦГрадоначалникот Петре Шилегов вели дека на местото на градбата ќе се засади зеленило. (Фото: К. Попов)

    Утре ќе се урива бетонската конструкција за кафуле во склоп на зелениот покрив на Градскиот трговски центар во Скопје. По реакциите на граѓаните дека се гради бетонски објект на покривот на ГТЦ, градоначалникот Петре Шилегов попладнево објави дека донел решение градбата да се урне и на нејзино место да се засади зеленило.

    „Град Скопје денес донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот. По реакциите на граѓаните, најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се во предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата Го Сакам ГТЦ, од утре започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ“, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира