В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО УРИВАМЕ БУТИКОТ ВО СТАКЛАРНИК НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА АКО ДЕНОВИВЕ САМ НЕ СЕ УРНЕ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР

    В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО УРИВАМЕ БУТИКОТ ВО СТАКЛАРНИК НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА АКО ДЕНОВИВЕ САМ НЕ СЕ УРНЕ, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА ЦЕНТАРБутикот на јавна површина во строгиот центар на Скопје работи веќе неколку месеци.(Фото: СДК.МК)

    В понеделник, Општина Центар ќе почне со уривање на бутикот во стакларник за летна тераса на улица Македонија, во настрогиот центар на Скопје. Сопственикот има рок сам да се урне до 15 јануари (недела) и ако тоа не го стори, в понеделник фирма ангажирана од Општината ќе почне со отстранување на дивиот објект.

    Имавме состаник со сопственикот на објектот кој побара рок до 15 јануари сам да се урне. Го прифативме неговото барање и сега чекаме, ако не се урне ние веднаш ќе постапиме“, вели Мирослав Богдановски, раководител на Секторот за инспекциски работи.

    Бутикот на јавна површина работи веќе неколку месеци. Сопственикот на бутикот не може да има дозвола и не може облеката да ја продава на јавна површина. Јавна површина може да се користи за летни тераси на кафулиња, но не и за бутици и продавници. Газдите на локалите за да добијат дозвола да заградат дел од јавна површина треба да достават елаборат до Град Скопје, односно во Општина Центар ако локалите се во Дебар Маало. Во елаборатот се наведува колку простор ќе се зафати, односно колку маси и столици ќе има, а притоа треба да биде оставен простор најмалку од 2,5 метри за движење на пешаци. Откако елаборатот ќе се одобри се одредува комунална такса која изнесува 15 денари за метар квадратен од ден.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира