В САБОТА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

    В САБОТА ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕЛани во Скопје вриеше комарци, па се спроведе и вонредно прскање. (Фото: СДК.МК)

    Град Скопје в сабота почнува со првото авионско прскање против комарци. Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се врши рано наутро. Ако временските услови не дозволуваат дезинсекција, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

    Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

    Лани во Скопје вриеше од комарци, па покрај редовните четири авионски прскања, по реакциите на граѓаните кон крајот на август Градот беше приморан да изврши и вонредно петто прскање.

    Прскањето против комарци како и лани ќе го спроведуваат фирмите „ПРИМАТЕКС Бранка ДООЕЛ експорт-импорт Скопје“ и „АЕРОКЛУБ СКОПЈЕ ДОО Чучер Сандево“. Тие за 1.1 милиони евра го добија тендерот на Град Скопје за прскање против ларви од комарци за 2020 и 2021. Првата фирма, според договорот, треба да добие 34.891.290 денари за набавка на средство за уништување на комарци и ларви, додека втората фирма, согласно договорот, треба да добие 32.399.850 за “авионска апликација на претходно наведеното средство“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира