ВЕЛЕС ГИ ОБНОВУВА ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ, ВЕДНАШ Е УКРАДЕНА ЕДНА СЛАВИНА

    ВЕЛЕС ГИ ОБНОВУВА ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ, ВЕДНАШ Е УКРАДЕНА ЕДНА СЛАВИНАОштетената чешма се наоѓа близу зградата на Општина Велес и полициската станица (Фото: СДК.МК)

    Не мина ниту 24 часа откако ЈКП „Дервен“ почна да ги обновува јавните чешми во Велес и да поставува нови, а една од новопоставените славини веќе е украдена во текот на ножта. Станува збор за чешмата близу зградата на Општина Велес и полициската станица, во тамошниот парк, кој е осветлен и фреквентен.

    „Без разлика дали се работи за вандализам или кражба, штета се причинува на сите граѓани на Велес. Сите треба да придонесеме доколку сакаме да имаме поубав и почист град“, порачаа од ЈКП „Дервен“.

    Претпријатието започна со замена на старите и со поставување нови јавни чешми низ градот. Целта е рационално трошење на водата. За да можат да се користат за пиење, чешмите имаат механизам со чија помош водата тече и прекинува. Покрај постојните 14 локации, нови чешми ќе бидат поставени на уште 10 места во Велес.

    При крајот на 2010, ЈКП „Дервен“ инсталираше славини на јавните чешми, кои за кратко време беа украдени, по што беше вратен стариот систем со постојано течење вода.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира