ВЕЛЕШАНЕЦ ПОДАРИ СПРАВА ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, КУПЕНА СО ПАРИТЕ ОД ФАТЕНИОТ КРСТ ЗА ВОДИЦИ

    ВЕЛЕШАНЕЦ ПОДАРИ СПРАВА ЗА ВЕЖБАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, КУПЕНА СО ПАРИТЕ ОД ФАТЕНИОТ КРСТ ЗА ВОДИЦИ„Заедно со моите другари од Превалец одлучивме да дадеме мала донација за лицата со посебни потреби, оваа справа, потребна за здрави навики“,  рече Иванов (десно). (Фото: СДК.МК)

    Триесет и тригодишниот Игор Иванов кој го фати крстот на Водици во Велес, купи справа за вежбање за лицата со попреченост од собраните пари. Справата ја донираше на Меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ за општините Велес, Градско и Чашка.

    „Заедно со моите другари од Превалец одлучивме да дадеме мала донација за лицата со посебни потреби, оваа справа. Таа им е потребна за здрави навики“,  рече Иванов, кој е фудбалски судија во Првата македонска лига.

    Откако го фати крстот, според традицијата, има можност 40 дена после Водици да поминува по домовите на велешани, кои го даруваат. Вели дека имало и верници од друга вероисповед кои оставале пари.

    „Благодарни сме што сме избрани за да ни донирате справа која е потребна за нашите членови. Таа е важна за животот на лицата со телесен инвалидитет“, кажа Миланчо Арсовски, претседател на „Мобилност“.

    Во 2018, Димитар Чоков, кој е дел од друштвото на Иванов, го фати крстот на Водици во Велес и од собраните средства купи помагала за Здружението на лица со церебрална парализа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира