ВЕЛЕШАНИ ЈА ИСВИРКАА ЦЕЦА ЗАРАДИ БУГАРСКО ЗНАМЕ СО НЕЈЗИНИОТ ЛИК     

    ВЕЛЕШАНИ ЈА ИСВИРКАА ЦЕЦА ЗАРАДИ БУГАРСКО ЗНАМЕ СО НЕЈЗИНИОТ ЛИК     Според организаторот, на концертот на Цеца во салата „Гемиџии“ имало околу пет илјади публика. (Фото: СДК.MK) 

    На синоќешниот концерт во Велес нa српската турбофолк ѕвезда Цеца, таа на сцената при настапот, развеа бугарско знаме подарено од публиката. Тоа предизвика неколкуминутни свирежи од присутните.

    Очевидци велат дека знамето било на Република Бугарија, а во средината ликот на Цеца. Девојката која го фрлила кон Цеца бил дојдена од рано, со огромен букет рози. 

    По завршувањето на концертот Цеца се огласи на социјалните мрежи.

     „Не ми е страно да прифатам било какво знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа. Ви благодарам за прекрасната вечер, за прекрасната енергија, љубовта и спомените што ги создадовме заедно. Знаеме како се забавувавме, што беше убаво, а што не беше убаво на концертот што траеше два часа. Тоа е најважно. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, бидејќи сите ние што бевме заедно во Велес таа вечер знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане помеѓу мојата публика и мене”, рече Цеца.              

    На Питијадата во Велес која  се одржува со години кај зградата викана Панини, до сцената се наоѓа куќа каде е нацртано бугарското знаме. Таму пред две седмици настапија Северина и Бајага.

    Според организаторот, на концертот на Цеца во салата „Гемиџии“ имало околу пет илјади публика.  

    Според полицијата за време и по концертот нема пријави за инциденти.  

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира