ВЕЛЕШАНКАТА КОЈА ЕДНА НЕДЕЛА СПИЕШЕ НА ОТВОРЕНО ВРАТЕНА ВО СЕМЕЈСТВОТО СО КОЕ ПРЕТХОДНО ЖИВЕЕШЕ

    ВЕЛЕШАНКАТА КОЈА ЕДНА НЕДЕЛА СПИЕШЕ НА ОТВОРЕНО ВРАТЕНА ВО СЕМЕЈСТВОТО СО КОЕ ПРЕТХОДНО ЖИВЕЕШЕБлагојка Малинова престојуваше дење во фризерски салон, а ноќе спиеше на клупа во центарот на Велес. (Фото: СДК.МК)

    Велешанката Благојка Малинова, која една седмица спиеше на отворено, е згрижена и повторно сместена кај фамилијата со која живееше. Ова доаѓа откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави за нејзиниот проблем, дека е избркана на улица, престојуваше дење во фризерски салон, а ноќе спиеше на клупа во центарот на Велес. На Велигден, надлежните од Центарот за социјални грижи реагирале на пишувањето и ја посетиле Благојка.

    „Иако Малинова не е социјален корисник и случај, а по реакциите за нејзината состојба ја најдовме каде престојува и ја вративме во домот каде живееше пред 1 април, пред да замине. Тие имаат потпишан меѓусебен договор, проблемите се надминати и таа е повторно згрижена. Има пензија, примања, така што ние како институција не можеме да преземаме некои решенија, но пристапивме да ја сместиме во семејството каде престојуваше“, изјави Азиза Џени.

    Претходно, три дена никој не знаеше каде е Благојка, соседите од околните дуќани ја бараа откако во саботата попладне го напуштила фризерскиот салон „Марио“ каде престојуваше дење. Потоа и се губеше секаков траг, вработените во блиското казино, рекоа дека не ја виделе повеќе, а на клупата и беше оставен појадок од блиската бурекџилница.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира