ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ПО ГРЕШКА ОСТАНА БЕЗ ВОДА

    ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА ПО ГРЕШКА ОСТАНА БЕЗ ВОДАБолницата се снабдува со вода од две линии, но во вторникот и двата доводи биле во сопрени. - Велешката болница (Фото: СДК.МК)

    Пред два дена, ЈЗУ Општа Болница Велес, остана без вода. Според надлежното ЈКП Дервен, тоа траело кратко и било по грешка. Тие ги оправдуваат реакциите во јавноста, кои следуваа откако болните и персоналот 15 минути биле без вода. Поради значењето на Болницата, таа се снабдува од две линии, но во вторникот и двата доводи биле во сопрени.

    „Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од таа страна ја снабдува со вода болницата. Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предизвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување. Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки. Не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини“,  пишува во соопштението на ЈКП Дервен.

    За нив коментарите на социјалните мрежи, според кои тие имале намера да прикажат пред јавноста дека проблем е намерно предизвикан, смислен и дека некој сакал свесно да предизвика проблем, биле неточни и злонамерни.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира