ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА СО СВОИ ПАРИ НАБАВИ ГАСТРОСКОП И КОЛОНОСКОП

    ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА СО СВОИ ПАРИ НАБАВИ ГАСТРОСКОП И КОЛОНОСКОПСо новите апарати се опреми Кабинетот за гастроскопија и колоноскопија. (Фото: СДК.МК)

    Велешката Општа болница набави нови апарати за гастроскопија и колоноскопија, инвестиција од сопствени средства, во висина од 50 илјади евра, соопшти директорот д-р Божидар Бојаџиев.

    „Кабинетот за гастроскопија и колоноскопија е подготвен, набавена е опрема, најсовремени апарати. Веќе се работи со пациенти за гастроскопија, а наскоро и за колоноскопија. Тие се купени од средства на болницата.  Ќе нема потреба пациентите да патуваат во други градови, туку ќе може прегледите да ги извршат во Велес“, кажа д-р Бојаџиев.

    Од Министерството за труд и социјална политика добиен е мобилен рендген апарат. Претходно беше објавено дека започна со работа компјутерскиот томограф и една година работи дигиталниот рендген апарат, донација од амбасада на Јапонија во Скопје.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира