ВЕЛЕШКАТА КРЗНАРА ЈА ПРЕДАДЕ ВО УПОТРЕБА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ, ВРЕДНА 1,6 МИЛИОНИ ЕВРА

    ВЕЛЕШКАТА КРЗНАРА ЈА ПРЕДАДЕ ВО УПОТРЕБА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ, ВРЕДНА 1,6 МИЛИОНИ ЕВРАСо оваа пречистителна станица, заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар низводно од Велес, од страна на фабриката за преработка на крзно. (Фото: СДК.МК)

    Крзнарата „Димко Митрев“ од Велес ја предаде за користење пречистителната станица за отпадните води, за чија реализација се потрошени 1,6 милиони евра. Со ова заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар, откако пред три години беше завршена првата фаза.

    „Пред три години ја отворивме првата фаза за третман на отпадни хромни води, која успешна функционира. Таа не` чинеше 320 илјади евра. Оваа втората беше многу пообемна. Со неа се пречистуваат сите отпадни води од фабриката. Оваа постапка ја работевме 20 години и денес е стварност “- кажа Атанас Киров директор на крзнарата.

    Со оваа пречистителна станица, заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар низводно од Велес, од страна на фабриката за преработка на крзно. Опремата е од италијанската фирма „Делта акве“ а ја градеше „Изгрев“ од Велес. Мнозински акционер во крзнарата е Шведската компанија „Шепард’.

    „За нас се важни три работи, одговорноста за производите, за животната средина и одржливоста. Според нив можеме да ја креираме нашата иднина, да продолжиме да развиваме нови производи, да бидеме конкуренти на пазарот. Без оваа пречистителна станица би било невозможно да продолжиме натаму. Работевме на неа многу, многу години. Го охрабруваме менаџерскиот тим да продолжи со инвестиции и во иднина, за да бидеме конкуренти во Европа “ – изјави Свен Бјоркман мнозински акционер во крзнарата.

    Крзнарата „Димко Митрев“ постои 75 години, вработува 280 лица, изработува крзнени производи кои во 90 отсто завршуваат на скандинавските пазари и една од малкуте крзнарници кои останаа да работат во регионот.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира