ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ПРОЛЕТОСКА ОДЗЕЛА САМО ДВА МОТОРА ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМА БУЧАВА, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ НЕМА ДОВОЛНО КОНТРОЛИ

    ВЕЛЕШКАТА ПОЛИЦИЈА ПРОЛЕТОСКА ОДЗЕЛА САМО ДВА МОТОРА ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМА БУЧАВА, ЖИТЕЛИТЕ ВЕЛАТ НЕМА ДОВОЛНО КОНТРОЛИСо затоплувањето на времето, велешани се жалат на бучавата од моторите во сите делови на градот (Фото: СДК.МК)

    Пролетоска велешката сообраќајна полиција одзела два мопеда поради преголемата бучава. Ова е одговорот на поставеното прашање до СВР Велес колку казни се изречени поради погласен звук од моторите од дозволеното во периодот од 1 март до 15 јуни годинава.

    „Во наведениот период констатирани се два прекршоци од возачи на мотори поради предизвикување голема бучава. Во истиот период одземени се четири возила, од кои две поради предизвикување голема бучава и две поради непродолжена регистрација“, кажаа од СВР Велес.

    Со затоплувањето на времето, велешани се жалат на бучавата од моторите во сите делови на градот, како и во ноќните часови. Не се согласуваат со податоците за казни кои ги објави полицијата  по извршени контроли.

    „За стотина дена само два мопеда биле одземени поради преголема бучава. Ова е мала бројка, со оглед колкава бучава секоја вечер има низ градот. Затоа сме во дилема колку контроли направила полицијата, во кои делови од градот, на кои улици, кога сите сме сведоци каква бучава слушаме секојдневно“, велат велешани.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира