ВЕЛЕШКИТЕ ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ ДВЕ ГОДИНИ СО В. Д. ДИРЕКТОРИ, КОЦЕВСКИ ВЕЛИ НЕМА КВАЛИТЕТНИ КАДРИ

    ВЕЛЕШКИТЕ ОПШТИНСКИ ИНСТИТУЦИИ ДВЕ ГОДИНИ СО В. Д. ДИРЕКТОРИ, КОЦЕВСКИ ВЕЛИ НЕМА КВАЛИТЕТНИ КАДРИСредношколскиот дом, Градскиот музеј, ЈКП „Дервен“, ЈП „Парк спорт“ и детските градинки сите имаат в. д. директор.(Фото: СДК.МК)

    Дел од институциите кои се под надлежност на Општина Велес, две години се со раководни лица, вршители на должност. Средношколскиот дом, Градскиот музеј, ЈКП „Дервен“, ЈП „Парк спорт“ и детските градинки сите имаат в.д. директор.

    Некои од нив ЈКП „Дервен“ и ЈП „Парк спорт“ овие две години имаат по три нови времени директори. Народниот музеј пак распишува конкурси, а нема кандидати кои се јавуваат на нив.

    „За жал во Велес нема доволно квалитетни кадри, а дополнителна причина се и строгите законски услови за извршување на функцијата. Во недостиг на соодветни кадровски решенија мора да назначуваме вршители на должност“, вели градоначалникот Коцевски.

    За разлика од градинките и јавните претпријатија во образованието односно во училиштата се назначени директори.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира