ВЛАДИКАТА ПЕТАР НА МИКРОФОН ОТПЕА „ЖИМИ КРСТ И КАНДИЛО“

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР НА МИКРОФОН ОТПЕА „ЖИМИ КРСТ И КАНДИЛО“Владиката Петар ја испеа „Послушајте патриоти“ на парастосот на војводата Методија Патчев во прилепското село Кадино. (Фото: Фејсбѕк/принтскрин)

    Преспанско-пелагонискиот владика Петар на микрофон ја пееше патриотската песна „Послушајте патриоти“ за време на денешниот парастос на револуционерот Методија Патчев во прилепското село Кадино. Видео клип на којшто е снимено пеењето на песната е објавен на социјалната мрежа Фејсбук од страна на лица присутни на настанот.

    На гробиштата во село Кадино, денес се одбележаа 115 години од смртта на револуционерот, а во еден момент владиката на микрофон, а останатите присутни, меѓу кои и членови на здружението „Тодор Александров“ ја испеаја патриотската песна за Караѓуле Охридски, во која се вели „во зандани бев предаден од проклети шпиони, од проклетите шпиони, неразбрани трговци“.

    Заедно го испеаја и рефренот „жими најмило, жими најдраго, жими крст и кандило“. На настанот присуствуваше и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески. (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира