ВО БИТОЛСКО СЕКОЈ ДЕН СЕ ГАСНАТ ЗАПАЛЕНИ СТРНИШТА, ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ ОСУМ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

    ВО БИТОЛСКО СЕКОЈ ДЕН СЕ ГАСНАТ ЗАПАЛЕНИ СТРНИШТА, ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ ОСУМ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИОгнот во неколку наврати можеше да презивика големи штети (Фото: СДК.МК)

    Битолските пожарникари имаат полни раце работа, секојдневно гаснејќи и по пет пожари предизвикани од намерно запалени стрништа. СВР Битола поднесе осум кривични пријави за намерно предизвикување пожар. Огнот во неколку наврати можеше да презивика големи штети, доближувајќи се до фабрички капацитети и бензиски станици. Еден пожар се прошири во кругот на РЕК и стигна на само неколку метри до транспортната лента на комбинатот, а друг во близина на бензинската пумпа „Пелагонија“.

    Скоро и да нема ден да не гасиме запалени стрништа. Некогаш има само една пријава на ден, другпат и седум, во просек пет стрништа дневно“, вели Горан Димовски, командирот на Противпожарната единица во Битола.

    Криминалистичката полиција во Битола има поднесено пет кривични пријави до Основното јавно обвинителство за предизвикување општа опасност, односно за палење стрништа, и тоа против повозрасни лица од селата Кукуречани, Кажани, Лопатица, Лознани и Трново. Крушевската полиција поднесе две кривични пријави против жители на селата Свето Митрани и Борино, а прилепската една за жител на Прилеп.

    СВР Битола испрати апел до граѓаните да не се пали оган на отворен простор, стрништа, земјоделски и други површини, отпад и друг запалив материјал.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира