ВО ДЕКЕМВРИ 2025 СЕ ПОРОДИЛА ЖЕНА КОЈА СЕ ВОДЕЛА КАКО ПОЧИНАТА ОД 2006 ВО МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА ВО ТЕТОВО

    ВО ДЕКЕМВРИ 2025 СЕ ПОРОДИЛА ЖЕНА КОЈА СЕ ВОДЕЛА КАКО ПОЧИНАТА ОД 2006 ВО МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА  ВО ТЕТОВОПри постапката за регистрирање на новородено дете во евиденциите на Управата, 27-годишната мајка се водела како почината на 21.10.2006, соопшти СВР Тетово.

    Тројца вработени во Центарот за социјални работи Тетово вчера пријавиле во СВР Тетово случај за кој има сомнение дека станува збор за сторено кривично дело Фалсификување исправа.

    „Според пријавата, на 21.01.2026 во Центарот за социјални работи Тетово пристигнало известување од Управата за водење матични книги дека на 08.12.2025 во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А. С. (27), а при постапката за регистрирање на новородено дете во евиденциите на Управата, мајката се водела како почината на 21.10.2006“, соопшти СВР Тетово.

    „По преземени мерки и испратени покани, на 12.02.2026 лицето А. С. се појавила во Центарот за социјални работи со новороденото дете заедно со едно машко лице, но не приложиле никаков документ за идентификација. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира