ВО КУМАНОВО ИМА 40 УЧЕНИЦИ ПОМАЛКУ ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, ГЛАВНО СЕ ИСЕЛИЛЕ ВО ДРУГИ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВА

    ВО КУМАНОВО ИМА 40 УЧЕНИЦИ ПОМАЛКУ ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ, ГЛАВНО СЕ ИСЕЛИЛЕ ВО ДРУГИ ГРАДОВИ ВО ЗЕМЈАВАТрендот на иселување од Куманово во текот на учебната година продолжува и понатаму, но не со динамиката како во предходните години. (Фото: СДК.МК)

    Кумановските основни и средни училишта во второто полугодие останаа без 40 ученици во однос на запишаните на почетокот на годината, бидејќи се иселиле од градот.

    „Од основните училиште се испишале 38 ученици, од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и 9 поради преселба во друга држава. Во средните училишта во првото полугодие се испишале 2 ученика поради преселба во друга држава, заклучно со 5 февруари годинава“, соопшти Секторот за образование во Општина Куманово.

    Трендот на иселување од Куманово во текот на учебната година продолжува и понатаму, но не со динамиката како во предходните години. Минатата година на второто полугодие се испишале 174 ученици, а во 2024/2025 година 130 ученици. За разлика од порано, кога семејствата заминуваа во странство, оваа година повеќето отишле во други градови во Македонија.

    Во учебната 2025/26 година во средните училиште во Куманово се запишани 1.130 ученици во прва година, а во прво одделение 904 првачиња, 60 помалку од 2024/25 година.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира