ВО КУМАНОВО ПОЛЕСНО Е ДА ЗАПИШЕТЕ ДЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ ОТКОЛКУ ВО ГРАДИНКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО КУМАНОВО ПОЛЕСНО Е ДА ЗАПИШЕТЕ ДЕТЕ НА ФАКУЛТЕТ ОТКОЛКУ ВО ГРАДИНКА

    Во Куманово побрзо ќе запишеш дете на факултет отколку во градинка, сметаат советници во Советот на општината Куманово. Иако владата постојано се фали дека отвора нови градинки, дури и во руралните средини, Куманово не се најде на листата на приоритети. Општината Куманово, пак, уште во минатиот состав презеде обврска со свои пари да ги прошири капацитетите во два клона, но не го реализираше ветувањето. Средствата во висина од 15 милиони денари кои беа во програмата за градинките, денеска беа пренаменети за други цели.

    Претседателот на советот Максим Димитриевски, предизвикан од пофалбите на советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека државата го субвенционира раѓањето на трето дете и со тоа го стимулира наталитетот во државата, ги нападна дека токму нивната политика влијаеле за масовно иселување на младите од државата.

    „Како младите родители да останат во државата додека владата ги стимулира да чуваат деца, кои потоа не можат да ги запишат ни во градинка. Наместо да се посветат на социоекономските проблеми во семејствата, тие фаќаат врски кај политичарите да ги запишат децата во градинка. Па полесно ќе ги запишете децата на факултет отколку во градинка. Петстотини деца се на листата на чекање за упис. Затоа се иселуваат младите луѓе од градот, немаат елемантарни услови за живот. Здосадено им е од политика, само се зборува, а ништо не се прави да се надминат проблемите“, рече Димитриевски.

    Во Куманово проблемот со сместувачките капацитети во градинките е хроничен. Во градинката „Ангел Шајче“ има место за околу 1.000 деца, а годинава се запишани 1.700 деца. На листата на чекање се над 500 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира